Хари и Меган никогаш нема да се вратат во кралското семејство

Поранешниот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл немаат намера никогаш да се вратат да живеат заедно со кралското семејство, открива магазинот Globe.

Нивното заминување од Велика Британија пред осум месеци до ден-денес за многумина останува тајна, но познато е дека и двајцата не можеле да ги издржат притисокот од кралското семејство и позицијата што ја имале во него.

Хари и Меган одлучиле да си заминат преку ноќ. Пред да заминат со синот Арчи, тие живееле во резиденцијата Фрогмор, која неодамна беше ослободена за бремената принцеза Евгенија и нејзиниот сопруг.

Globe пишува дека Хари и Меган решиле засекогаш да заминат. Тие скришно ноќта си заминале од британскиот дом, нешто што за кралицата предизвикало шок. Тие им го оставиле домот на Евгенија и нејзиниот сопруг знаејќи дека никогаш повеќе нема да се вратат во него.

Анонимен извор близок до кралското семејство вели дека тоа било голема шлаканица за кралицата Елизабета.

Според тогашните информации, сите нивни работи што таму се наоѓале биле отстранети преку ноќ, без камери и фотографи од медиумите. Подоцна им биле испратнеи во Америка, во домот каде што сега Хари и Меган живеат.

Scroll to Top