Хари и Меган повикале полиција, стравуваат дека терористи им го надгледуваат домот

By

Поранешниот принц Хари и Меган Маркл кои живеат во луксузна вила во Малибу, далеку од кралскиот двор биле во паника откако забележале дека околу нивната куќа летаат дронови.

Дроновите летале на висина од само шест метри и ги забележале најмалку 5 пати во еден месец, па повикале полиција. Иако со нив најверојатно управуваат папараци, тие стравуваат дека позади сето тоа може да се кријат и терористички групи.

Како што наводно рекле нивните пријатели, откако повикале полиција, поради настанатата ситуација ќе вработат и приватно обезбедување.

„Постојано гледаат дронови како летаат и претпоставуваат дека со нив управуваат фотографи, но не се сигурни. Меган доби закани за смрт кога се венчаше, затоа се плаши од терористи. Луѓето забораваат дека тие се обични луѓе, обично семејство. Не сакаат посебен третман, само сакаат да се чувствуваат безбедно и нивниот дом да се почитува“, открил пријател за странските медиуми.

Ќе ви се допадне