Хари ја оженил Меган за да му пркоси на кралското семејство

Поранешниот принц Хари ја зел за сопруга  Меган Маркл само за да му пркоси на кралското семејство, пренесува entertaintimes.com. Таблоидот пренесува дека во секоја генерација од кралското семејство постоел еден член кој бил бунтовник.

Пред Хари тоа бил неговиот татко принцот Чарлс, додека пред него била сестрата на кралицата Елизабета, принцезата Маргарет.

Хари ја зел Меган за сопруга затоа што знаел дека неговото семејство не сакал да има актерка во неговите редови, особено ако доаѓа од Америка.

Хари уште во деновите на пубертет покажал дека нема да ги почитува кралските правила, исто како и неговата мајка, принцезата Дајана. Сите девојки со кои тој изглегувал, пред Меган, биле актерки, иако врските не траеле премногу долго.

Токму поради таа причина, никој во неговото семејство не верувал дека неговата врска со Меган ќе потрае, а камоли, пак, дека двајцата ќе се земат.

На кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип им се вратило горкото сеќавање на англискиот крал Едвард Осми, кој во 1936 година абдицираше од престолот, по помалку од година дена владеење, затоа што се заљуби во Американката Валис Симпсон.

„Актерките се добри само за покажување пред новинарите и фотографите, но со нив не се стапува во брак“, го советил кралот Филип, својот внук.

Но, се чини дека предупредувањето на неговиот дедо само ја зацврстило одлуката на Хари да ја ожени Меган.

Се чини дека во кралското семејство историјата се повторува, особено ако се земе  предвид дека Меган и Валис Симпсон, поради која кралот Едвард Осми се откажа од круната, освен што се Американки имаат и уште една сличност.

Двете зад себе имале пропаднат брак, пред да се заљубат во членови на кралското семејство. Иако и понатаму не се знае службената причина поради која Хари и Меган одлучија да го напуштат кралското семејство, во јавноста се шпекулира дека тие сакале да побегнат од британските медиуми, кои непрекинато ја критикувале Американката.

На Хари не му било лесно на почетокот да се одлучи на  ваков чекор. И самиот има признато во некои од неговите интервјуа дека одлуката да си заминат од кралското семејство и татковината ја донел по неколку месеци добро размислување.

 

Scroll to Top