Хари ја присилил Меган да открие за абортусот

Поранешниот принц Хари, ја присилил неговата сопруга, актерката Меган Маркл, да открие во јавноста за абортусот што го доживеала, пренесуваат светските медиуми.

Откако минатата недела Меган во своето потресно писмо откри дека оваа година таа го изгубила второто дете, 39-годишната актерка и понатаму остана главна тема во домашните и светски медиуми.

Според последните пишувања на магазинот Vanity Fair, иако Меган во писмото објаснила како сакала да го сподели своето искуство за спонтаниот абортус, за да ги отстрани табуата и стигмата од истите, сега се појавија информации дека наводно таа била присилена на такво нешто.

Како што објаснува Кејт Никол, дописничка за Vanity Fair, принцот Хари одиграл клучна улога во нејзината одлука. Тој ја натерал сопругата да го сподели своето болно искуство со светот.

„Хари тоа не го напишал, но ја наговорил Меган да ја сподели приказната, верувајќи дека истата ќе им помогне и на другите семејства кои минале низ таков трауматичен настан“. објаснила Кејт.

Причината за таквата одлука, според споменатата дописничка, лежи во тоа што кралската двојка сакала со овој чекор да ги привлече потребните симпатии во јавноста, која во последната година не им е наклонета.

Кејт смета дека не е јасно дали Меган во овој момент била целосно емоционално и ментално подготвена за да го сподели со јавноста таквото трауматично искуство, но со оглед на тоа дека двојката непрекинато работи на подигање на свеста за важноста на менталното здравје, не чуди тоа што се одлучиле да проговорат и за сопственото трауматично искуство, кое неретко остава траги врз менталното здравје, особено на жената која поминала низ такво нешто.

 

Scroll to Top