Хари и Меган на песна од Витни Хјустон ќе го играат свадбениот танц

Принцот Хари (33) и актерката Меган (36) одлучија да ја прекршат претходната конзервативна традиција при изборот на песна за првиот танц.

Според семејниот пријател, двојката избрала атипична песна за кралската свадба – Wanna Dance With Somebody од 1987 година, од починатата Витни Хјустон.

Принцот Вилијам (35) и војвотката Кејт Мидлтон (36) танцуваа на песната на Елтон Џон – Your song, а принцот Чарлс (69) и покојната принцеза Дијана со џез-музиката на Лестер Ланин.

На неодамнешната свадба се очекуваат голем број други песни од 80-тите, а пејачот Елтон Џон (71) ќе настапи во живо, со што откажа два концерта во Лас Вегас за да пее на кралската свадба.

„Чест ми е да бидам на свадбата и мило ми е што ги гледам среќни“, изјави Елтон.

Scroll to Top