Хари и Меган во шизички стил заминаа на забава

По прекрасната церемонија, новото кралско семејство, принцот Хари и неговата сопруга Меган ги поканија своите најблиски и пријатели во Фрогмор Хаус.

Не беше тајна дека Војвотката од Сасекс ќе го смени нејзиниот фустан за свадбениот прием. Така за вечерната прослава таа се појави со прекрасен бел, со голи рамена и ролка-јака фустан, направен од британскиот дизајнер Стела Макартни. Но, не само тоа. И во оваа визија, Меган го чествуваше споменот на принцезата Дијана со прекрасен прстен кој припаѓал на принцезата на десната рака.

Принцот Хари, исто така, ја промени својата воена униформа со бела кошула, црни панталони и луксузно палто на кое неговата лептир машна стоеше совршено. Овој пат парот не се возеше со кочија, туку со светло син Јагуар, модел од 1968 година.

Scroll to Top