Хари се плаши за Меган и децата, принцот рече дека не се безбедни во Британија и се закани со тужби ако не добијат полициска заштита

Принцот Хари се плаши за безбедноста на неговата сопруга Меган и негиве две дца. Тој вели дека нивниот престој во Англија не е сигурен и дека бара дополнителна заштита од тамошните власти. Во спротивно ќе тужел.

Тие сега живеат во Америка, но нивните адвокати напишаа писмо со протокол за работа до Министерството за внатрешни работи на Британија, барајќи континуирана безбедност додека тие престојуваат во Британија.

Принцот Хари се повлече од кралските должности пред две години, па неговите адвокати сега бараат судска ревизија. Хари смета дека одлуката за отстранување на неговото осигурување била погрешна.

Тој наводно со правната постапка почнал уште во јули минатата година, кога дојде во Велика Британија без полициска заштита, иако ја имал само 3 месеци претходно, на погребот на неговиот дедо принцот Филип.

 Се огласи и нивниот портпарол кој рече дека иако Хари и Меган имаат финансирано лично приватно обезбедување, за нивното семејство, тоа не може да биде доволно за полициската заштита која им е потребна за време на нивниот престој во Британија.

„Во недостаток на таква заштита, принцот Хари и неговото семејство не можат да се вратат во неговиот дом“, рече тој.

„Принцот Хари уште од неговото раѓање спаѓа во лицата кои се во опасност. Тој е шестиот во редот за наследници за тронот, има отслужено две тури во Авганистан, а во последните години неговото семејство е на мета на добро документирани неонацистички и екстремистички закани. Иако неговата улога во институциите е променета, не е и онаа дека е член на кралското семејство, за што сè уште прима и закани“, рече нивниот портпарол.

Кралицата е добро запознаена со новиот потег на некогаш омилениот внук, кој стана прв член од кралското семејство кој се заканл со правни постапки против британската влада.

Scroll to Top