Против глумецот Харисон Форд е поведена истрага откако минатата недела за малку ќе предизвикал авионска несреќа, пренесуваат американските медиуми.
Форд предизвикал инцидент во воздушниот простор над аеродромот Хоторн, во Лос Анџелес. Федералната воздухопловна администрација (ФАА), соопштила дека американската филмска ѕвезда пилотирала со мал авион и по грешка му го пресекол патот на слетување на друг авион.
Харисон преку својот адвокат се извини за грешката и објасни дека погрешно ги разбрал инструкциите кои му ги дале од контролата на летање.
Тамошните медиуми пренесуваат дека ова не е прв воздушен инцидент во кој се нашол Харисон Форд како пилот на приватен авион.