Харисон Форд со помош на технологијата ќе биде подмладен во новото продолжение на Индијана Џонс

Осумдесетгодишниот Харисон Форд се враќа на филмското платно повторно како Индијана Џонс. За петтото продолжение од култниот филмски серијал, во еден од деловите ќе биде подмладен со помош на визуелни ефекти и најнова технологија.

Магазинот Empire објави ексклузивни фотографии од целото специјално издание кое ќе излезе во јануари 2023 година. На фотографиите Форд е прикажан многу подмладен, со помош на дигиталната технологија.

Користена е само во првите сцени од филмот, кој ќе се одвива во дворец во периодот во 1944 година и во кој Џонс се соочува со група нацисти. Брзо потоа ќе остаре и сцените ќе се префрлат во периодот во 1969 година, време кога се одвива целиот филм. 

„Ова е првпат да верувам во она што го гледам. Вистината е дека не сакам да знам како функционира технологијата. Но функционира, а мене пак не ми предизвикува некоја желба да се вратам во младоста. Среќен сум во својата кожа“, рече Харисон.

Режисерот Џејмс Манголд е човекот кој работеше на филмот и ја зеде палката од неговиот претходник  Стивен Спилберг.

„Прво ќе се најдете среде конфликти во 40-тите и потоа ќе се префрлите во 1969“, објасни Манголд. Објасни дека публиката нема да ја почувствува на интелектуално ниво промената меѓу 40-те и 60-те години, туку буквално ќе го почувствува духот на времето. 

Заплетот засега не е во целост откриен, но Empire пренесе дека е сместен меѓу вселенската трка меѓу САД и поранешен СССР. Иако сè уште не е точно откриено што ќе се случува во филмот, познато е дека поголемиот дел од петтиот филм се случува во 1969 година во време кога човекот тргнува во поход кон вселената.

Филмот ја враќа франшизата во добата „Трагачи по изгубениот ковчег“. Индијана се соочува со нацистите, па оттука е отсликана и сцената од 1944 година. Друга важна акција се случува за време на парадата во Њујорк, по повод успешната мисија на „Аполо 11“, на 13 август 1969 година.

„Прост факт е дека програмата за слетувањето на Месечината ја води група поранешни нацисти. Прашање е и колку се поранешни. И тоа е нешто што го нервира и му излегува на Инди од нос“, рече косценаристот Џез Бутерворт.

Во филмот ќе се појави и данскиот актер Мадс Микелсен како негов непријател. Ќе го игра ликот инспириран од Вернхер фон Браун, поранешен нацистички инженер кој ќе стане еден од шефовите на НАСА, а кој често го нарекуваат и татко на вселенските летови.

„Тој е човек кој сака да исправи некои грешки од минатото. Има нешто што може да го направи светот значително подобро место за живеење. Би сакал да го има во свои раце, а Индијана Џонс во неговите. И тоа е приказната“, рече Микелсен за Variety.

Scroll to Top