Харви Вајнштајн ќе им плати на жртвите 25 милиони долари

By

Филмскиот продуцент Харви Вајнштајн треба да им исплати на жртвите кои сексуално ги злоставувал сума од 25 милиони долари, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот пренесува дека направена е спогодба меѓу холивудскиот моќник и неговите наводни жртви, девојки од САД, Канада, Британија и Ирска. Се чека само одобрение од судот.

Во спогодбата наведени се имиња на повеќе од 30 девојки. Спогодбата треба да ја плати осигурителната куќа која го води стечајот на компанијата на Вајнштајн. Доколку истата се реализира, 30 жртви ќе го поделат наведениот износ.

Жените кои ќе ги добијат парите се гневни, затоа што сметаат дека на овој начин правдата нема да биде задоволена, пренесуваат медиумите. Недостатокот на лична одговорност за поранешниот филмски продуцент предизвика разочараност и бес кај поголемиот дел од нив.

Една од нив е глумицата Кетрин Кендак, која откри дека Вајнштајн ја злоставувал во 1993 година.

„Не ми се допаѓа тоа, но не знам како понатаму. Не знам што можам да направам“, изјавила Кендал.

Вајнштајн беше обвинет од повеќе од 70 жени, воглавно млади глумици за сексуални престапи. Тој ги отфрли ваквите обвинувања тврдејќи дека секоја од нив била согласна да имаат секс. Додека обвинувањата против него секојдневно се зголемувале, тој добил отказ од челниците во компанијата каде работел и истата поднела барање за стечај. Вајнштајн бил исфрлен и од Академијата за филмска уметност и наука.

Продуцентот исто така бил обвинет дека ги присилувал жените на орален секс. Луциа Еванс, извршната директорка за маркетинг во неговата компанија, во 2004 година, јавно проговорила дека била нападната на нејзиното работно место. Мими Халеи, негова асистентка исто така го обвинила дека ја нападнал во нејзиниот стан во 2006 година, пишува „Њујорк Тајмс“.

Ќе ви се допадне