Мадона е една од списокот на ѕвезди кои го обвинија филмскиот продуцент Харви Вајнштајн дека им дал непристојни сексуални понуди, пренесува „Би-Би-Си“. Холивуд минатата година беше потресен од пишувањата за сексуално злоставување за кои е обвинет продуцентот Вајнштајн, работи кои тој ги негира.
Мадона изјавила дека Вајштајн ја преминал границата додека рабоеле заедно на нејзиниот документарен филм „Вистина или лага“ во 1991 година. Пејачката за „Њујорк Тајмс“ го опишала како неверојатно сексуално нападен и цело време бил отворен додека работеле заедно.
Во тоа време Вајнштајн бил оженет и јас не бев заинтересирана. Бев свесна дека истото им го правел на многу други жени кои ги запознав во индустријата. Сите мислевме дека Хари смее тоа да го прави затоа што е моќен и успешен, како и неговите филмови. Сите жени кои работевме со него, поради тоа моравме да го трпиме“, вели Мадона.
Филмот „Вистина или лага“ го дистрибуирала компанијата на филмскиот могул Вајнштајн. Тој и неговите членови во управата на неговото студио минатиот месец постигнале начелна спогодба со жените кои го обвиниле за сексуален напад. Адвокатите изјавиле дека спогодбата изнесува околу 44 милиони долари.
Сепак Вајштајн мора да се соочи со казнените пријави поврзани со други обвинувања за сексуално злоставување и силување, како и со граѓански тужби, вклучувајќи ги и оние на глумицата Ешли Џад. Мадона која неодамна настапи на Евросонг во Израел, вели дека и олеснало кога дознала дека во целиот случај се вклучиле властите.
„Досега се немав огласено за ваква работа, затоа што никогаш не сакам да навивам за нечиј пад. Мислам дека тоа не привлекува добра карма“, изјавила Мадона.