Харви Вајнштајн силувал малолетна девојка

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн се соочува со ново обвинение во кое е наведено дека силувал малолетна девојка. Тој доживеа нов удар, откако на неговото конто се најде нова тужба во која е наведено дека во периодот меѓу 1984 година и 2013 година, нападнал четири жени од кои едната од нив имала само 17 години.

Си-ен-ен“ пренесува дека девојката го запознала Вајнштајн во ресторан на Менхетен во 2008 година, кога тој и ветил дека ќе и помогне во кариерата. Таа сведочела дека тој ја силувал во неговиот стан, неколку дена подоцна.

Variety јавува дека една од жените тврди дека Вајнштајн ја поканил во една од неговите хотелски соби, за да разговара за нејзината потенцијалната кариера во шоубизнисот.

Додека таа била таму тој наводно побарал сексуално да го задоволи. Жената тврди дека откако го одбила, тој ја присилил да ја соблече облеката и ја силувал. Вајнштај и ја земал возачката дозвола, па и се заканил дека ако прозборе, ќе и наштети и на неа и на нејзиното семејство.

Втората жена сведочела дека Вајнштајн ја нападнал откако и влегол во нејзината хотелска соба, кога имала само 26 години. Тој инцидент наводно се случил во 1984 година.

Тука е и признанието на 35 годишна жена, која вели дека Вајнштајн ја присилил на орален секс во хотелска соба кога имала 26 години. Изјавила дека го запознала на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, каде наводно ја нападнал и силувал.

Тука не завршува крајот на обвинувањата. Четвртата жена тврди дека го запознала Вајнштајн во ресторан во Менхетен во 2008 година, каде и ветил дека ќе и помогне во кариерата. Таа изјавила дека неколку дена подоцна, тој ја силувал додека била во неговиот стан во њујоршката населба Сохо.

Scroll to Top