Хауард Стерн излезе од дома по две години страв од короната

Водителот Хауард Стерн излезе од дома по две години страв од короната. Бил излезен на вечера со сопругата Бет, а друштво им правеле Џенифер Анистон, Џејсон Бејтмен, Џон Хам, Џастин Терокс и со уште неколку познати пријатели.

Хауард е познат по тоа што е гермофоб и се плаши да се зарази од корона. Во петокот вечерта водителот Џими Кимел го повика со неговата сопруга на вечера. И покрај тоа што имал одлично друштво, рече дека цело време паничел дека може да се зарази.

„Ѝ реков на жена ми дека не сакам да одам. Дека се плашам дека ќе се заразам. Знам дека претседателот ни рече дека пандемијата е готова и дека сите можат да се шетаат без маски. Но, јас сè уште едноставно не сакам да се заразам со ковид“, рече Стерн.

Претседателот Џо Бајден неодамна во интервју за „60 минути“, рече дека со пандемијата е готово. Објасни дека повеќе не е потребно да се носат маски и дека е во одлична форма. Доктор Ентони Фаучи ден подоцна рече дека не сме таму каде што треба да бидеме.

Стерн на вечерата не носеше маска, а на персоналот им рекол дека ова му е прво излегување од почетокот на пандемијата. Ова го потврдија вработените во ресторанот за Page Sixu.

 

Scroll to Top