Американската глумица Хедер Локлир се обидела да се самоубие, пишува американскиот таблоид Ти-ем-зи. Според нив, член на нејзиното семејство повикал помош бидејќи ѕвездата на „Династија“ и на „Мелроуз плејс“ се заканувала со самоубиство. Медицински лица ја смириле со седативи, а потоа ја однеле во психијатриска болница.
Таблодот пишува дека роднина ја нашол Хедер како избезумено шета низ куќата и бара пиштол за да се самоубие.
56-годишната Хедер пред неколку месеци беше уапсена за семејно насилство. Тогаш нејзиниот брат повикал полиција, откако ја затекнал во кавга со нејзиниот партнер на кого имало видливи траги на физичко насилство.