Најголемиот плејбој на светот, Хју Хефнер, почина ноќеска на 91 година. Основачот на магазинот „Плејбој“ даде 75.000 долари за да биде закопан покрај Мерилин Монро.
Во текот на својот живот Хју мислел буквално на сè, па и на местото каде што ќе биде закопан и ги избрал гробиштата „Вествуд меморијал парк“, каде што се закопани некои од најголемите филмски и телевизиски ѕвезди.
Тој уште во 1992 година резервирал гробно место и платил 75.000 долари за неговото тело да биде положено веднаш до холивудската легенда Мерилин Монро.
Мерилин се соблече за насловната страница на „Плејбој“ во далечната 1953 година и тој број на магазинот е продаден во 50.000 примероци за рекордно кусо време.