Британската актерка Хелен Мирен на учениците од една школа за филм и телевизија во Лос Анџелес им рекла дека сака да го глуми Доналд Трамп во биографски филм. Открила дека имаат заедничка карактеристика – фризурата. Ова 72-годишната актерка го посочила како адут.
„Ќе бидам смешна како Трамп. Ми се допаѓа оваа идеја. Речиси имаме иста коса. Тој е фантастичен шекспировски лик. Можеби ќе има има и таков пад. Не знам, мислам дека тој е посебен лик“, рекла Хелен Мирен.
Познатата британска актерка додала дека за таков проект би сакала да ги проучува детството и семејниот живот на американскиот претседател.