Холивудскиот актер Хју Грант ќе го глуми негативецот во филмската адаптација на видеоиграта Dungeons & Dragons.
Грант ќе ја толкува главната улога во филмот, кој е заеднички продуциран и финансиран од eOne и Paramount. Во филмот ќе се појават и Софија Лилис, Мишел Родригез и Крис Пајн.
Филмот ќе го режираат Џонатан Голдстајн и Џон Френсис Дејли по адаптација на популарната игра на„ Hasbro од франшизата Wizards of the Coast.
Повеќе од 50 милиони обожаватели на играта Dungeons & Dragons ја чекаат премиерата на филмот.
Dungeons & Dragons е тактичка воено-фантастична игра, која беше филмувана во 2000 година, но тој проект не помина најдобро во киносалите во светот.
Грант неодамна глумеше во хит-серијата на HBO со наслов The Undoing, а моментно е вклучен во последниот проект на Гај Ричи, во акциониот филм Five Eyes.