Хју Грант: За малку ќе го отруев семејството двапати, децата ме молеа да не готвам повеќе

Актерот Хју Грант (64) во интервју за британски Вог откри дека за малку ќе ги отрул своите деца по катастрофа на скара. Тој разговарал со својата колешка Рене Зелвегер и ја шокирал со информацијата дека почнал да готви дури во шеесеттите, но се покажало дека не е многу талентиран.

„За малку ќе го отруев семејството двапати. Им дадов црви. Пилешкото не беше доволно сварено. Двапати. Печев на скара во темница и кога го заглавив ножот во месото, не можев да видам какво е. Го сервирав – црви насекаде. Децата ми се смееја. Ме замолија повеќе да не готвам“, рече Хју.

Актерот има пет деца. Тој има две деца со актерката Тинглан Хонг, синот Џон и ќерката Табита, а со сегашната сопруга Ана Еберштајн има три деца – Феликс, Лулу и Блу.

Scroll to Top