Хоакин Феникс повторно во улогата на Џокер

Хоакин Феникс повторно ќе го глуми Џокер пишува британски „Мирор“. Глумецот би можел да заработи 50 милиони долари, ако успее да се договори со продуцентите за следните две продолженија.

„Хоакин на почетокот чувствуваше дека ќе го глуми „Џокер“ само еднаш. Но, сега го промени мислењето. Тој повторно сака да го глуми овој лик, и покрај контроверзите кои следеа“, открива извор близок до глумецот.

Компанијата Warner Bros планира двете продолженија да ги заврши во следните четири години. Само се чека Хоакин да ги прифати условите. Тоа би била неговата најголема заработка во досегашната кариера.

Тој до последен момент чекал да потпише договор за неговата првата улога како Џокер, но за продолжението бара да биде ангажиран за подолг период. Продуцентите се надеваат дека филмовите ќе успеат да ги завршат до 2022 година и 2024 година.

Филмот „Џокер“ во кинодистрибуцијата минатата есен ги собори сите рекорди. Само во првиот викенд на прикажување во американските кино сали, тој заработи 96.000.000 долари.

.

.

Scroll to Top