Хојон Јунг, ѕвездата на „Сквид гејм“, проговори за наглото губење килограми

Хојон Јунг, ѕвездата на серијата „Сквид Гејм“, проговори за брзото слабеење по излегувањето на хит серијата. Јужнокорејската актерка во интервју за „Дејли мејл“ призна дека ослабела 4,5 килограми за 10 дена поради напорниот распоред за време на промоцијата на серијата во САД. Таа тврди дека не можела да јаде за време на сите патувања и интервјуа.

„Не стигнав да јадам, немаше време. Ослабев премногу. Целата облека што ми беше точна кога првпат дојдов во Америка сега ми е преголема”, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hoyeon Jung(Chung) (@hoooooyeony)

Тоа го забележаа и обожавателите на социјалните мрежи, кои ѝ порачаа дека изгледа многу слабо и изразија загриженост за нејзиното здравје.

„Не сакам да бидам негативен, само сакам да кажам дека ме загрижуваш“, „Те молам, внимавај добро да јадеш“, „Стануваш сè послаба“, „Се надевам дека се е во ред со твоето здравје“ „Многу си убава, но те молам внимавај на своето здравје и исхрана“, се само дел од коментарите под фотографиите што актерката ги објави на Инстаграм.

 

Scroll to Top