Холивуд слави Велигден: познати ѕвезди ја негуваат православната вера од љубов и традиција

Дел од најпознатите холивудски ѕвезди денес го слават Велигден, при што многумина од нив ја практикуваат православната вера – некои поради своето потекло, а други поради љубов или личен избор.

Меѓу нив е и Tom Hanks, кој ја прифатил православната вера откако се оженил со актерката Рита Вилсон, која има грчко-бугарско потекло. Тие редовно ги почитуваат велигденските традиции и често учествуваат во прославите.

Слична приказна има и Christian Bale, кој се преобратил во православие по бракот со Србинката Сандра Блажиќ, задржувајќи ги семејните обичаи и традиции.

Актерката Stana Katic, позната по серијата „Castle“, е со српско потекло и активно ги негува православните обичаи, славејќи ги празниците со семејството.

Меѓу познатите имиња е и Nina Dobrev, која има бугарско и грчко потекло и ја практикува православната вера, дури и по преселбата во странство.

Интересен пример е и супермоделот Naomi Campbell, која се приклучила на православната црква за време на врската со руски бизнисмен, што покажува дека верата често е и личен избор.Дополнително, комичарката Tina Fey има православни корени преку своето грчко потекло и исто така ги почитува традициите поврзани со Велигден

Овие примери покажуваат дека православието има свое место и во светот на глобалната поп-култура, а Велигден, како најголем христијански празник, ги обединува луѓето без разлика на тоа каде живеат.

За многу од овие ѕвезди, празникот не е само формалност, туку и момент за семејство, традиција и духовност – вредности кои остануваат исти без оглед на славата и успехот.

Scroll to Top