Холивудската актерка за распаѓањето на бракот: По толку години љубов, на Инстаграм дознав дека има друга

Холивудската актерка Алис Еванс (53) признала во утринската емисија „Lorraine“ на британската телевизија дека размислувала за тоа да се повреди себеси откако нејзиниот сопруг Јоан Грифид (48) одеднаш ставил точка на нивниот 14-годишен брак, па додала дека ја чека „многу долг и валкан развод“.

Еванс потврдила дека се разведува од актерот во низа бесни твитови во  јануари годинава, а оттогаш на социјалните мрежи  беше објавен  секој пресврт од нивната бракоразводна постапка.

Инаку, Грифид неодамна на Инстаграм ја објави новата врска со колешката Бјанка Волас, но Алис овој потег го опишала како „кошмар на секоја жена“.

 

„Се врати, ги прегрна децата, суво ме бакна во образ и тогаш знаев дека нешто не е во ред. Бевме заедно 20 години. Бев една од оние жени за кои Бриџид Џонс во филмот вели дека самозадоволно се венчаат. И мислам дека тоа се оствари. Тој по неколку денови ми рече дека едноставно не ме сака повеќе.

Гледајте, јас не го доведувам до прашање неговото чувство на среќа, но тоа беше така од ведро небо кажано и по четири месеци продолживме така, а тој само зборуваше ‘извини, повеќе не чувствувам ништо кон тебе’ Можеби ќе си заминам, а можеби и нема. И на крај дојдов до точка во која во текот на цела пандемија бев сама со нашите две деца. Ги чував 10 години, а тој главно снимаше тие 10 години, секако надвор од Лос Анџелес. Значи, јас бев тука, а тој не беше тука, но не сакаше да разговара со мене, не сакаше да ме погледне и замина да спие во соседната соба. На крајот помислив дека можам да се повредам самата себе.

Разговарав со пријателите и постојано ми зборуваа дека тој како да не е тој повеќе, тој не звучи како што треба. Мислам дека им здодеав и едноставно не знаеја што да ми кажат повеќе. Во еден момент помислив дека ќе полудам. Тогаш напишав на Твитер: ‘Тој нè напушта’. И настана пекол“, раскажала Алис во вклучувањето во живо.

Грифид во октомври објави за својата нова врска, а Алис вели дека оттогаш немала контакт со својот сè уште законски сопруг.

„Со мене разговара само преку адвокат. Доколку сум тука кога разговара со децата преку FaceTime, се оддалечува и ги повикува адвокатите. Не знам зошто“, прокоментирала таа.

„Ова е многу бизарно затоа што, како што многу од луѓето знаат, тој инсистираше, буквално инсистираше до пред две недели дека нема друга. Добив нотификација дека ме блокирал на Инстаграм, мислев дека можеби сака да разговараме. Но, неговата љубовница објави дека се пар на Инстаграм. Ја погледнав фотографијата и пишуваше нешто во стилот – конечно некој може да ме направи среќна. Луѓето од сетот на таа серија пишуваа дека им е драго што се среќни и дека признале дека се заедно. Бев скршена, убиена… Ова е мојот сопруг. Мислам дека ми должи повеќе од објава на Инстаграм по 20 години однос и две деца. Се чувствувам како идиот. Сигурна сум дека ова трае долго, таа не е некој кој сега го запознал“, изјавила 53-годишната Алис.

Scroll to Top