Поранешната сопруга на холивудскиот актер Џони Деб, убавицата Амбер Херд, за многумина беше непрепознатлива откако ги објави новите фотографии.
Сите нејзини фанови се прашуваат што ѝ се случило.
Триесет и едногодишната актерка ги шокираше сите кои ги видоа нејзините нови фотографии каде што таа воопшто не личела на себе и тешко може да се препознае дека станува збор за некогашната убавица.
Веќе подолг период сите навикнаа да ја гледаат Амбер во максимално дотерано издание, поради што многумина и ја сметаа за секс-бомба.
Но, по покажувањето на црвениот тепих, Амбер се претворила во сосема друга личност.
На фотографиите направени во Лос Анџелес, кои го обиколија светот, малкумина беа тие кои можеа да ја препознаат Амбер.