Голем број холивудски ѕвезди водат добротворни организации преку кои помагаат на голем број луѓе и земји кои се во длабока сиромаштија. Многумина од нив се обвинети дека тоа го прават, за самопромоција.
Сепак голем дел од јавноста е убедена дека малкумина од нив, како што се Леонардо ди Каприо, Опра Винфри, Џорџ Клуни, Деми Мур, Бен Афлек Шарлиз Терон, Анџелина Џоли, Елтон Џон навистина имаат желба да помогнат на оние на кои им е потребна помош.
Дека американските ѕвезди заработуваат милиони не е тајна. Но, овие ѕвезди, освен што парите ги трошат на скапоцени автомобили и луксузни имоти, тие одлучуваат своите пари да ги дадат на посиромашните од себе. Некои од нив и со своите говори предупредуваат дека мораме и да внимаваме на климата и планетата.
Леонардо ди Каприо
Американскиот глумец Леонардо ди Каприо со години се бори за правата на животните и за спас на земјата. Неговата организација „Фондацијата Леонардо ди Каприо“, пред две години донираше 87 милиони евра за борба против климатските промени. Тој ја основаше организацијата пред 20 години, а ова е најголемиот износ кој досега го имале собрано. Леонардо преку организацијата има поддржано повеќе од 200 проекти на сите континенти и сите океани. Има финансирано програми за зачувување на околината и голем број животински видови, обновливи извори на енергија и права на автохтони заедници. Глумел и во документарниот филм „Пред поплавите“ 2016 година, документарец кој се фокусирал на прашањата за климатските промени.
„Прошетавме низ секое ќоше на светот, за да ги документираме разните влијанија на климатските промени и да ја доведеме во прашање способноста на човештвото да направи пресврт на работите, за можеби најтешкиот проблем со кој се соочуваме. Сакавме да направиме филм кој на луѓето ќе им даде чувство на итно делување“, вели Леонардо ди Каприо.
Холивудскиот глумец во Калифорнија неодамна ја запозна и младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг. Тој ја нарече предводничка на нашето време и кажа дека му е чест што ја запознал. Напиша и дека историјата ќе ни суди за тоа што го имаме направено за идните генерации и да им овозможиме живот на планетата која сега ја имаме земено здраво за готово.
Опра Винфри
Телевизиската водилка Опра Винфри е позната како добротвор, човек која донирала милиони долари за хуманитарни цели. Таа има основано неколку добротворни организации како што се The Angel Network, The Oprah Winfrey Foundation, The Oprah Winfrey Operating Foundation и The Oprah Winfrey Leadership Academy for Girls in South Africa.
Освен тоа, Опра води и други организации кои се занимаваат со заштита на околината, борбата против ХИВ, а важни ѝ се и образованието за жените и децата. За својот допринес таа доби и почесен Оскар за хуманитарна работа во 2011 година. Опра во 2013 година донирала 12 милиони долари за Музејот на афроамериканската историја во Вашингтон. Музејот е довршен во 2015 година и освен изложбените галерии, има и мал театар со 35 седишта.
Во април минатата година, водителката избрала три девојки кои полагале во нејзината школа во Јужна Африка и кои подоцна ги однела во прочуениот салон за венчавки во петтата авенија на „Беверли Хилс“. Таму едно од девојчињата Опра ја почасти со венчаница од 10.000 долари.
Џорџ Клуни
Глумецот Џорџ Клуни е во управниот одбор на меѓународната хуманитарна организација United Way и веќе со години им помага на бездомниците. Глумецот беше дел од хуманитарниот проект за спречување на геноцид во Судан. Со колегите ја основал организацијата Not On Our Watch, а во 2012 година отпатувал во Судан. За проблемите разговарал и со Барак Обама и мнозинството во Сенатот во САД. Во 2012 година тој и неговиот татко биле уапсени за време на мирните протести пред амбасадата на Вашингтон во Судан.
Фондацијата за правда на Клуни е основана во 2016 година. Нејзината цел е да ја промовира правдата во Судан и во школите низ светот. Минатиот месец тој и неговата сопруга Амал известија дека фондацијата ќе издови повеќе од два милиони долари за образование на сириските бегалци.
Холивудскиот глумец и неговата сопруга Амал, во 2017 година донираа милион долари за борба против организацијата која поттикнува омраза и нетрпеливост. Брачната двојка донираше и во непротифната американска организација Southern Poverty Law Center, правен центар за сиромашни на југот на земјата, организација која ги следи активностите на екстремните домашни групи кои поттикнуваат омраза и нетрпеливост.
Деми Мур
Глумицата Деми Мур се бори за правата на жртвите од трговијата со луѓе, а со поранешниот сопруг Аштон Кучер, во 2009 година ја покрена организацијта за сузбивање на сексуалното злоставуање на деца на интернет. Иако Деми и тој повеќе не се заедно, организацијата и понатаму активно делува.
Бен Афлек
За да им помогне на жртвите од војната во Демократската Република Конго, Бен Афлек во 2010 година ја покрена добротворната организација Иницијатива за Источен Конго. За да го сврти вниманието на една од најголемите трагедии во светот, Бен во 2008 година сними и краток филм за тој конфликт и жртвите од него.
За својот труд во 2015 година, Афлек на доделувањето на наградата People’s Choice е прогласен за хуманитарец на годината. Глумицата Еми Адамс му ја даде наградата на својот пријател и колега, откако Афлек одржа краток говор за својот труд.
„Понекогаш светот е застражувачко и ужасно место и во него се случуваат лоши работи кои е тешко да се разберат. Тоа не прави исплашени и ни дава чувство на беспомошност. Една работа која ја научив е дека треба да се обидуваме да направиме нешто. Тоа е еден од начините на кои можеме да се бориме против тажните работи кои ги гледаме, ужасните работи кои ни се случуваат. Мораме да се обидеме да го подбриме светот“, изјави Афлек.
Шарлиз Терон
Јужноафриканската глумица Шарлиз Терон, во 2007 година ја основаше организацијата Charlize Theron Africa Outreach Project, чија мисија е да се намали ширењето на сида меѓу младите во Африка.
Шарлиз од 2008 година е мировен амбасадор на Обединетите Нации, со посебен акцент на спречување на насилството кон жените. Освен тоа, таа се залага и за правата на хомосексуалците. Таа изјавила дека нема да се омажи, се додека истополовите бракови не станат легални во сите земји во САД. Пред две години доби и награда за својата хуманитарна работа.
Анџелина Џоли
Глумицата Анџелина Џоли и Бред Пит во 2006 година ја основале организацијата The Maddox Jolie-Pitt, чија цел е да им помогне на зејите за време на хуманитарните кризи низ целата планета. Џоли веќе 19 години е амбасадор на Обединетите Нации, со посебен акцент ставен на проблемите на раселените луѓе и бегалците. Таа била на разни мисии во повеќе од 20 земји, а за својата хуманитарна работа добила и неколку награди.
Првите фотографии од малата Шила во 2006 година, посвојувањето на Пакс во 2007 година, раѓањето на близнаците Вивиен и Кнокс во 2008 година и венчавката со Бред Пит во 2014 година, се продадени за милионски износи и истите допринеле за речиси 70% од вкупните приходи на добротворната задруга Maddox Jolie Pitt Foundation.
Вкупните приходи за време на една деценија од 2006 до 2016 година изнесувале неверојатни 41,1 милион долари, а со тоа и 28 милиони долари влегле од авторските права на продадените магазини.
Елтон Џон
Музичарот Елтон Џон во 1992 година откако го изгубил својот пријател од сида, ја основал организацијата Elton John AIDS.
Организацијата се занимава со превенција на вирусот хив и борбата против дискриминација на заболени личности. Освен тоа, Елтон собрал и добирал милионски износи на разни добртворни организации. Неодамна донираше и милион долари за помош во Австралија.