Холивудскиот актер Мел Гипсон на ќебапи и пиво во Сараево

Американскиот актер и режисер Мел Гибсон пристигна во Сараево, а веднаш по неговото пристигнување отиде во познатото место – ресторанот на Сеје Брајловиќ за ќебапи со врвен квалитет.

Ресторанот веднаш се пофалил со фотографија со познатиот актер, а причината за неговата посета била откриена во описот.

„Во друштво на најголемото лице на Холивуд. Со нас преговараше за снимање на акционен сет, а Сејо игра споредна улога. Ние останатите сме сепак статисти и акробати”, се вели во објавата.

Актерот изгледал лежерно во црна тренерка, а многумина биле изненадени од неговата запуштена коса и брада.

 

Scroll to Top