Холивудскиот глумец Мет Дилон дојде во Србија, го пречекаа со леб и сол

Холивудскиот глумец Мет Дилон синоќа пристигна во Србија, на филмскиот фестивал „Кустендорф“ што се одржува на Меќавник. Актерот го пречек домаќинот на фестивалот Емир Кустурица. Според српските медиуми, Дилон бил пречекан со леб и сол, но одбил да наздрави со ракија и рекол дека не пие алкохол. Тој на новинарите им рекол дека никогаш никаде немал ваков пречек.

„Јас сум голем обожавател на филмовите на Кустурица, така што бев многу возбуден со самата идеја дека ќе дојдам тука“, рекол глумецот.

Мет Дилон беше популарен кон крајот на 1990те години. Тој глумеше во филмовите „Нешто во врска со Мери“, „Драгстор каубој“, „Диви нешта“

Scroll to Top