За холивудскиот актер Хју Џекмен (56) веќе некое време се зборуваше дека ужива во љубовта со актерката Сатон Фостер (49), но сега за првпат стана официјално дека се заедно.
Папараците ги фотографираа како одат на вечера држејќи се за рака.
Оваа вест ексклузивно ја пренесе „Пипл“.
Hugh Jackman and Sutton Foster Step Out Hand-in-Hand for Dinner Date in L.A. (Exclusive) https://t.co/Cc4Olnhc0g
— People (@people) January 7, 2025
Инаку, се шпекулираше и дека Хју се развел од претходната сопруга поради Сатон, поточно поради аферата која ја имале.
Актерот беше во брак со Дебора-Ли Фурнес (68), а веста за нивниот развод дојде по 27 години брак.