И по 25 години брак, Бил и Мелинда Гејтс секоја вечер заедно ги мијат чиниите

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, вели дека тајната на успешниот брак е тоа што и по 25 години со сопругата Мелинда секојдневно наоѓаат време само за нив. Тој откри дека секоја вечер по вечерата, заедно ги мијат валканите садови и тогаш си посветуваат време еден на друг. Оваа традиција ја започнала Мелинда, откако го родила нивното трето дете.

„Ми призна дека се чувствувала осамено долго време, особено кога останував до доцна на работа, кога одев на состаноци. Но, работите се сменија на подобро пред неколку години, кога таа нервозна излезе од кујната и рече дека никој не смее да си оди додека не ја исчистиме. Призна дека е изморена и лута што целото семејство по вечерата си наоѓа занимација, а таа, освен што готвела, мора и да средува. Мислам дека оттогаш секој пат кога вечераме дома, заедно миеме чинии. Ова нè направи уште поблиски“, рекол Бил во интервју.

Бил и Мелинда се запознале 1987 година, кога таа работела во „Мајкрософт“. Брзо потоа почнале врска, па се венчале. Двојката има три деца. Освен што Бил е еден од сопствениците на „Мајкрософт“, со Мелиса ја отворија најголемата приватна хуманитарна организација во светот, „Фондација Бил и Мелиса Гејтс“. Дел од нивното богатство постојано го донираат преку фондацијата. Бил уште пред неколку години изјави дека по смртта неговите пари ќе бидат донирани, наместо да ги наследат неговите деца.

„Сакам да вложувам во нивното образование, а потоа самите да се снајдат и збогатат во животот“, рече тогаш Гејтс.

Scroll to Top