Британската пејачка и дизајнерка Викторија Бекам лани заработи околу милион фунти од концертите на „Спајс грлс“, и покрај тоа што одби да пее со групата. Ова е повеќе отколку парите што ги заработи преку нејзината модна компанија, бидејќи лани од модниот бренд Викторија си исплатила самата на себе околу 700.000 фунти.
Популарната Пош спајс добила една петтина од приходите од реклами, лиценцирани спогодби и продажби на предмети со логото и ликовите на членките на групата. Бендот лани имаше турнеја со 13 концерта кои им донесоа заработка од 4,5 милиони фунти. Од друга страна, модниот бизнис на Бекам со години не е профитабилен. Загубите на нејзината компанија за 2019 година изнесуваат 12 милиони фунти.