Илон Маск лансираше парфем, продаде 10.000 шишиња и заработи милион долари

Илон Маск во продажба го пушти неговиот парфем Burnt Hair. Најбогатиот човек на светот продаде 10.000 парфеми за само неколку часа и заработи еден милион долари.

„Со име како моето, влегувањето во бизнисот со парфеми беше неизбежно. Зошто чекав толку долго?“, напиша Маск на Твитер.

Парфемот чини 100 долари, а испораките ќе почнат во првото тримесечје на следната година.

Маск освен што е сопственик на автомобилската компанија „Тесла“, тој исто така произведува текила, капи и пламенофрлачи, а од сега и парфем.

„Ве молам, купувајте го мојот парфем за да можам да го купам Твитер“, твитна Маск вчера.

Scroll to Top