Милијардерот и основач на „Тесла“, Илон Маск, наводно има нова девојка. Станува збор за австралиската актерка Наташа Басет, која е 23 години помлада од него. Двајцата биле видени заедно минатата недела на неговата јахта во Лос Анџелес.
„Наташа и Илон се гледаат веќе некое време. Прво беа пријатели, а потоа откако се разведе нивната врска прерасна во нешто повеќе“, рече извор близок до милијардерот.
Тој рече дека Наташа напорно работи на својата кариера и дека има голема поддршка од Илон. Нејзината желба е да биде позната по нејзините успеси и да успее самата, а не како негова девојка, додаде тој.
Таа почнала да глуми на 14 години, а во Њујорк се преселила кога имала 19, откако ја добила главната улога во Ромео и Јулија во Австралискиот младински театар, пренесе Daily Mail.
Оттогаш се има појавено во повеќе серии меѓу кои и филмот на Џоел и Итан Коен од 2016, „Здраво Цезар“, во кој глуми со Џорџ Клуни и Скарлет Јохансон. Ја глумеше и пејачката Бритни Спирс во нејзиниот биографски филм „Britney Ever After“ од 2017.
Запотсетување, Маск неодамна раскина со Клари Елис бушер, позната како Гримес. Во јавноста излегоа голем број шпекулации за нивните проблеми. Иако беа заедно три години, никогаш не се свршија. Од врската го добија синот X Æ A-12.