Имаше денови кога како дете мајка ми знаеше да ме претепа, откри Џенифер Лопез во новиот документарец за „Нетфликс“

Пејачката и глумица Џенифер Лопез во нејзиниот нов документарец за „Нетфликс“, Halftime, зборуваше за својот комплициран однос кој го имала со мајка ѝ Гуадалупе Родригез (76). Таа рече дека имало денови кога знаела да ја претепа.

Лопез ја опиша Родригез како многу комплицирана личност, иако нивниот однос сега е многу подобар отколку во минатото.

„Таа правеше сè што мораше за да преживее и тоа ја направи многу силна, но истовремено и многу тврда. Имаше денови кога знаеше да ме претепа“, рече Лопез во документарецот.

Во документарецот се појавува и мајка ѝ која исто така признава дека била строга кон Џенифер и нејзините две сестри, Лесли и Линди.

„Отсекогаш од нив сум имала големи очекувања. Но, тоабеше само да за да им покажам дека можат и подобро“, рече Родригез.

Пејачката призна дека не била фокусирана на училиште, објаснувајќи ја попречувало танцувањето и дека тоа предизвикало тензија меѓу неа и мајка ѝ.

„Мајка ми ќе ми речеше дека ако сакам да живеам под нејзиниот кров, ќе морам да го завршам школото“, се потсети Лопез која откри дека на 18 години двете имале голема кавга, по што таа си заминала од дома.

Родригез рече дека отсекогаш сакала нејзините три ќерки да се образуват да не се ослонуваат премногу на нивните партнери.

„Бев далеку од совршена мајка. Една работа која секогаш можам да ја кажам е дека сè што работев, го работев во нивен најдобар интерес“, рече Родригез.

Scroll to Top