„Имав сè, а тогаш дојдоа најлошите моменти“, Џејми Оливер за колапсот на неговото царство на ресторани

Светскиот готвач Џејми Оливер за време на гостувањето во шоуто The Graham Norton раскажа за својот финансиски пропаст на ресторани и трнливиот пат кој го минал заедно со неговите вработени.

Тој раскажа за причината која довела до колапс на неговото ресторанско царство. Во мај оваа година, банкротираше неговиот ланец на ресторани. Оливер бил принуден да затвори повеќе од 20 ресторани, а илјадници луѓе останаа без работа. Британецот ги откри деталите што е тоа што тргнало по зло и како почнал да се опоравува од губитокот.

„Тоа беа 13 години тешка работа, а Fifteen беше моето бебе. Но, останав без пари, останав без ништо и ми беше многу тешко. Но, тоа е момент кога мораш да се прибереш и да продолжиш понатаму. Го доживеав и најубавото и најлошото во животот. Но, човек мора да се фокусира секогаш на позитивното“, вели Оливер.

Британскиот готвач сега вели дека размислува во иднина да отвори нови ресторани во Велика Британија, но пред да се одлучи на ваков чекор, ќе чека како ќе заврши целата работа околу брегзит, пишува „Дејли Мејл“.

„Ќе размислам да отворам нови ресторани, но по брегзит. Доколку имате бизнис во оваа држава, не ви се пишува добро во идните пет години“, вели Оливер.

Тој, покрај финансискиот пропаст, вели дека многу го погодила човечката страна. Готвачот вели дека работел и соработувал со многу готвачи и имал голем број на вработени низ годините, со кои заедно минале трнлив пат. Во моментите на затворање на рестораните, тој на сите нив им испратил мејл.

„Во моментов не можам да бидам физички со вас, но би сакал да ви се заблагодарам што ги вложивте срцето и душата во нашите ресторани. Нашите прехрамбени стандарди секогаш не издвојувале од конкурентите и не можам да бидам погорд на тоа“, им напишал Оливер на вработените.

И покрај што готвачот беше принуден покрај британските ресторани, да ги затвори и италијанскиот ланец на ресторани во Британија, сепак оние надвор од државата продолжиле да функционираат. Денес Оливер поседува 70 ресторани кои одлично функционираат како франшиза на 27 светски пазари.

 

 

 

 

 

Scroll to Top