Инфлуенсерка тврди имала секс со Леброн Џејмс

НБА-ѕвездата Леброн Џејмс се најде во центарот на секс-скандал, откако популарната американска инфлуенсерка Софија Френклин тврди дека кошаркарот ја изневерува сопругата со неа.

Инаку, Леброн во текот на својата кариера негуваше имиџ на семеен човек.

Инфлуенсерката која на Инстаграм ја следат 761.000 луѓе раскажа дека телохранителите доаѓаат до девојките и ги прашуваат дали сакаат да си одат дома со некој од познатите или некаде на друго место. При тоа потпишуваат договор ништо од заедничките моменти да не се појави во јавноста, раскажала Софија Френлин.

„Со Леброн беше исто така. Постојано организира разни забави на кои се потпишуваат договори за доверливост. Што, не сте знаеле дека Леброн е прељубник?“, изјавила инфлуенсерката.

Нејзините обвинувања предизвикаа реакции во јавноста. Навивачите најмногу застанаа на страната на Леброн и тврдат дека Софија прави сè за популарност.

Леброн и неговата сопруга Савана важат за еден од најхармоничните славни парови. Заедно се од средно училиште, а познатиот кошаркар во неколку наврати потенцираше дека неговата сопруга е неговата најголема љубов, поддршка и најдобар пријател. Тие се во брак од 2013 година и имаат два сина и една ќерка.

 

Scroll to Top