Инцидент на снимањето на филмот „Џокер“, член од филмската екипа падна по скали

Нови фотографии од сетот на продолжението на филмот „Џокер“ ги прикажуваат Лејди Гага и Хоакин Феникс како му помагаат на член од филмската екипа кој паднал за време на снимањето на култните скали во Бронкс.

Пејачката била облечена и нашминкана како Харли Квин во моментот на инцидентот. Лејди Гага и Феникс биле на половина од сцнената кога еден од членовите на екипажот се сопнал преку оградата и паднал. Несреќата ги натерара Гага и Феникс да ја паузираат сцената и да му помогнат на човекот да се качи по главните скали пред да продолжи снимањето.

Продолжението на познатиот „Џокер“ го режираше Тод Филипс, кој го напиша и сценариото со Скот Силвер. Гага ја игра верзијата на ликот на DC Comics, Харли Квин, психијатар кој се справува со Џокер.

Маргот Роби претходно ја глумеше Харли Квин во Suicide Squad и Birds of Prey, а Кејли Куоко е глас на ликот во анимираната серија Харли Квин на HBO Max.

Scroll to Top