Ирина Шаек е бремена

Манекенката Ирина Шаек и нејзиното момче, актерот Бредли Купер, се видени пред центарот за планирање семејство во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми. Тие сметаат дека актерката е повторно бремена. Ирина и Бредли Купер се во врска од април 2015 година, а во март минатата година добија ќерка.

Гласините за бременоста на Ирина се зголемија откога таа пред неколку дена се појави на „Неделата на свадбена мода“ во Барселона, облечена во широк ффустан. Обожавателите наводно забележале дека под фустанот на манекенката има заоблен стомак. Ирина првпат по неколку години дошла на ревијата како гледач, а не во улога на манекенка, што дополнително ги подгреа гласините дека таа е повторно бремена.

Scroll to Top