Ирина Шајк е бремена

Светската манекенка Ирина Шајк е бремена и го чека своето второ дете, пишуваат светските таблоиди. Според пишувањата, бебето ќе стигне на пролет.

„Се сомневаме дека Ирина е бремена и дека бебето би можело да стигне на пролет. Во последните неколку недели таа се однесува чудно и носи само широка облека. На едно од снимањата имаше и утринска мачнина“, изјавила анонимна шминкерка која работела со Ирина.

Во американските медиуми кружат шпекулации и за името на таткото. Руската манекенка оваа пролет е неколку пати фотографирана со трговецот за уметнички дела Витом Шанабел. Двајцата биле видени во неговиот стан на Менхетен, а потоа се дружеле и со мајката на Ирина, Олга.

Ирина веќе ја има тригодишната ќерка Леа, која ја доби со оскаровецот Бредли Купер. Двојката минатата година ја прекина четиригодишната врска. Досета неколку пати се видени како ја шетаат ќерката низ Њујорк, па многумина од фановите се надеваа дека ќе се смират.

Сепак, медиумите во САД пишуваа дека двајцата се договориле да останат во добри односи, заради нивната ќерка.

Scroll to Top