Ирина Шајк и Бредли Купер повторно заедно, моделот виден во станот на глумецот

Руската манекенка Ирина Шајк, повторно се најде во центарот на вниманието кај американските таблоиди, откако била видена во станот на нејзиниот поранешен партнер, глумецот Бредли Купер. Папараците ја виделе и снимиле, медиумите пренесуваат дека станува збор за пријателска поста.

Наводно таа отишла на ручек кај Бредли. Папараците го забележале доставувачот на храна, а велат дека моделот останал повеќе од четири часа во станот на Купер. Папараците велат дека Шајк била дотерана во облека вредна повеќе од 2000 долари.

За потсетување, Ирина и Бредли раскинаа во јуни 2019 година, по четири години врска. Заедно ја имаат и тригодишната ќерка Леа. Откако постигнаа заеднички договор за старетелството, моделот за британски „Вог“, ја коментираше нивната врска.

„Мислам дека секоја добра врска си има свои добри и лоши работи. Тоа е природата на човечкотот суштество. Двајца добри луѓе, не прават нужно добра брачна двојка. Јас сум среќна со тоа што го имавме заедно. Животот без него за мене е нешто сосема нова“, изјавил во едно од своите интервјуа Ирина Шајк.

 

 

 

 

Scroll to Top