Поранешниот американски фудбалер Том Брејди (45) и познатата манекенка Ирина Шајк (37) се видени заедно викендов во неговиот дом во Лос Анџелес. Извор близок до двајцата за Page Six, рече дека ова е нешто ново, но дека не е нешто сериозно.
Брејди за првпат повторно е виден со девојка по разводот со манекенката Жизел Бундхен, а со Шајк наводно се запознале на свадбата на милијардерот Џозеф Нахмад и манекенката Медисон Хедрик на Сардинија.
За потсетување, Том и Жизел се разведоа во октомври минатата година. Беа во брак 13 години, а ги имаат синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10). Жизел поднесе барање за развод само два месеци откако Том се врати од спортска пензија ставајќи ја кариерата пред семејството.
Шајк претходно беше во врска со Кристијано Роналдо (38), а нивната петгодишна врска заврши во 2015 година. Две години подоцна ја доби ќерката Леа Де Сејн со Бредли Купер (48), а парот се раздели во 2019 година. По романсата со Купер, Шајк имаше кратка врска со раперот Канје Вест (46).