Ирина Шајк ја оправда титулата – една од најубавите жени во светот

Една од најпознатите манекенки во светот Ирина Шајк на својот Инстаграм профил се пофали со бројни фотографии на кои позира во црн костим за капење.

Нејзините обожаватели беа воодушевени од совршената линија со која се пофали 38-годишната манекенка.

„Совршена си“, „Невозможно е да изгледаш вака добро“, „Твоите години не можат ништо“, напишаа нејзините обожаватели.

Инаку, Ирина е родена на 6 јануари 1986 година во Русија. Својата манекенска кариера ја започнала во 2004 година кога потпишала договор со агенција во Москва, а две години подоцна се преселила во Париз. Помалку е познато дека нејзиното вистинско презиме е Шајкхлисламова.

Таа беше во врска со Кристијан Роналдо пет години, потоа со холивудскиот заводник Бредли Купер со кој доби ќерка, а подоцна ја поврзуваа и со Канје Вест и Леонардо ди Каприо.

Scroll to Top