Ирина Шајк на одмор на Ибица, откако раскина со Кајне Вест

By

Руската манекенка Ирина Шајк заедно со пријателката Стела Максвел се фотографирани како летниот одмор го поминуваат на јахта на Ибица.

dobivaj vesti na viber

Поранешна девојка на Бредли Купер, со која ја доби ќерката Леа, во последните неколку денови е фотографирана во два различни костими за капење.

Манекенката ретко дава изјави за медиумите, но неодамна искоментира колку нејзиниот живот се разликувал од животот на нејзината ќерка.

„Леа има многу играчки. Јас имав само една која и понатаму ја чувам, кукла со големи, сини очи, а баба ми ѝ правеше облека. На ќерка ми секогаш ѝ напоменувам дека имав само една кукла, а дека слатки добивав само за Божиќ“, изјавила Ирина.

Манекенката во 2020 година се раздели од актерот Бредли Купер, но и понатаму често одат на семејни прошетки со ќерката. Ирина по раскинувањето започна врска со Каније Вест, но таа романса по кратко време прекина.

Ќе ви се допадне