Ирина Шајк сака журки, ѝ здодеа духовноста на Бредли Купер

Странските медиуми пишуваат дека Бредли Купер и Ирина Шајк се несреќни во нивната врска и се чувствуваат лошо еден покрај друг во изминатите неколку месеци. По раѓањето на ќерката Леа, разликите меѓу нив станаа уште подрастични.

„Тој не пие и целосно се сврте кон духовниот живот, додека таа само сака да излегува и да се забавува”, вели еден извор близок до познатиот пар. Ирина, наводно, едвај дочекала да оди на Ибица со своите пријатели за да се „одмори од здодевниот семеен живот”. Убавата Русинка и холивудскиот актер се три години во врска и имаат едногодишна ќерка.

Scroll to Top