Исчезна Фан Бингбинг, најпознатата кинеска глумица

Фан Бингбинг, најпознатата кинеска глумица, е исчезната, пренесуваат светските медиуми. Глумицата која стекна светска слава со филмовите „Ајронмен“ и „Иксмен“, ја нема веќе три месеца, а медиумите пишуваат дека е во затвор заради неплаќање данок.

Бингбинг веројатно е уапсена во тајност поради наводно даночно затајување со кое ги налутила кинеските власти. Во Кина нема никакви официјални информации за обвиненијата, но ни официјални информации за наводната истрага против Фан.

Си-ен-ен објави дека нејзините проблеми почнале во мај годинава која во јавноста се појави копија од нејзин двоен филмски договор. Фан наводно имала два различни договора, еден службен во кој пишувало дека е платена околу 1,5 милиони долари и друг приватен во кој стои дека за улогата добила 7,5 милиони долари. По ова биле повлечени сите реклами во кои се појавува Фан, а актерката не е активна на социјалните мрежи веќе три месеца.

Тимот на актерката ги отфрли сите обвиненија и велат дека не е во затвор, ниту дека е исчезната, но таа и понатаму не се појавува во јавноста.

Scroll to Top