Американската актерка Линдзи Перлман, позната по улогите во телевизиските серии „Chicago Justice“ и „Empire“, беше пронајдена мртва во петокот во Лос Анџелес. Неколку дена предходно беше пријавено нејзиното исчезнување. Таа имаше 43 години.
„Денеска околу 8.30 часот, холивудските полицајци ги истражуваа смртните случаи на авенијата Френклин и Северна Сиера Бонита. Судскиот лекар од округот Лос Анџелес потврди дека тоа е Линдзи Ерин Перлман“, соопшти полицискиот оддел на Лос Анџелес. Причината за смртта сè уште не е позната, јавува Си-Ен-Ен.
Нејзините пријатели и семејството го пријавиле нејзиното исчезнување и побарале помош од јавноста за да ја најдат. Таа на 13 февруари не се вратила дома, а последен пат била видена во Холивуд, на неколку километри од местото каде што е пронајдено нејзиното тело, соопшти полицијата.
Нејзината роднина Савана Перлман ја потврди веста на Твитер. „Многу сум тажна што известувам дека ја пронашле Линдзи. Немам други информации за местото или околностите“.
„Полицијата ја пронајде Линдзи. Таа е мртва. Скршен сум“, напиша сопругот на актерката Венс Смит во објавата на Инстаграм.