„Исусе! Што?!“ – Викторија Бекам ја вознемири прашањето дали е подготвена да стане баба

Изгледа дека Викторија Бекам (49) се уште не e подготвена да стане баба. Таа се вознемири кога ја прашаа дали е подготвена за внуци на недамнешното интервју за подкастот на магазинот Vogue.

За време на интервјуто, Викторија одговори на многу прашања на водителката во врска со работата и семејството. Викторија сподели како таа и Дејвид бараат еден од нив да остане дома со Харпер.

Со оглед на тоа што има три возрасни сина, новинарката ја праша како Викторија се справува со тоа, дали им дава совети за нивниот емотивен живот, дизајнерката рече дека се грижи таа да е тука за нив и дека клучот е во комуникацијата. И тогаш точно во 7:10 часот се појави прашањето дали е подготвена да стане баба. што всушност покажа како Викторија се чувствува за тоа.

„Исусе! Што?! Мислам дека сè уште не се случува, освен ако не знаеш нешто што јас не знам, сè уште нема такво нешто“, рече таа.

Инаку, најстариот син на поранешната музичарка и дизајнерка и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, Бруклин, е во брак со актерката Никола Пелц (29) од април 2022 година. По венчавката тогаш 24-годишникот изјавил дека би сакал да стане татко и има десет деца со сопругата.

Текстот „Исусе! Што?!“ – Викторија Бекам ја вознемири прашањето дали е подготвена да стане баба е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top