Француската глумица Изабел Ипер ja доби престижната награда „Златна мечка“ за животно дело на филмскиот фестивал во Берлин. Таа не дојде да ја земе наградата во живо бидејќи неколку дена претходно се тестираше позитивна на корона, па преку видеоврска се вклучи од нејзиниот дом во Париз.
Ипер има 50-годишна кариера, речиси 150 филмски и ТВ-улогио и номинација за „Оскар“ за филмот „Таа“ во 2016 година, но и 120 други признанија. Директорката на фестивалот, Мариет Рисенбек ја опиша глумицата како страсна актерка, а нејзиниот колега Карло Чатријан кога ја претставуваше рече дека улогите што ги избира таа се „ликови кои не се двоумат да ризикуваат или да му се спротивстават на мејнстримот“.
Изабел Ипер (68) во моментов е заштитно лице на кампањата на Баленсијага за 2022 година. Сликите за оваа кампања се снимени во нејзиниот дом во Париз.