Излезе новиот документарец за Хари, заради кој кралското семејство уште повеќе ќе го замрази

Во декември минатата година беше објавен документарниот филм „Хари и Меган“, за кој војводата и војвотката од Сасекс добија 100 милиони долари. Со тоа уште повеќе ги нарушија и онака лошите односи со кралското семејство, а упатија и голем број обвинувања од кои кралскиот двор упорно се бранеше.

Сега „Нетфликс“ плати 80 милиони долари за новиот документарен филм „Heart of Invictus“ во кој принцот откри колку му било тешко без поддршка од неговите родители. Хари го обвини семејството дека го запоставил откако се вратил од Авганистан.

Принцот беше на воена мисија во 2008 година, а ниту еден од членовите на неговото семејство не му помогна со проблемите. Принцот не знаел како да се справи со траумите што ги доживеал.

„За жал како и многумина од нас, првиот пат кога размислувате да одите на терапија е кога лежите на подот во фетална положба, посакувајќи побрзо да се справите со вашите проблеми. И тоа е нешто што сакав да го променам“, рече Хари.

Документарецот од денеска е достапен на популарната платформа за стриминг, но само во Америка. Има пет епизоди, а Хари се опиша себеси како татко на две деца, сопственик на куче, сопруг и покровител на Фондацијата Invictus Games, организација која им помага на воените ветерани.

Не заборави колку му беше тешко кога на 12-годишна возраст ја загуби мајка си, принцезата Дијана.

„И тогаш немав поддршка. Ниту семејство, ниту експерт кој би можел да ме посоветува и објасни што ми се случува“, рече Хари.

Принцот и Меган се надеваат дека овој документарен филм ќе постигне голем успех. На почетокот на летото беа одбиени од Spotify. Подкастот им беше откажан, па имаа надежи за овој нов документарец.

Хари треба да се појави во Англија околу 7 септември, каде што доаѓа да присуствува на хуманитарна церемонија. Во родната земја ќе биде само еден ден пред првата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора. Тогаш во земјава ќе бидат и неговиот татко и брат.

„Нема индикации дека ќе се сретнат и разговараат. Врската меѓу принцот Хари и кралот Чарлс (74) и принцот Вилијам (41) сè уште е нарушена, а моментот на помирување не е на повидок“, изјави извор близок до кралското семејство.

За потсетување, Хари неодамна ја загуби титулата Неговото Кралско Височество на официјалните страници на британското кралско семејство. Последен пат беше во присуство на Чарлс и Вилијам за време на крунисувањето на кралот на 6 мај годинава. Браќата беа заедно во пресрет на погребот на кралицата минатата година, кога им се придружија сопругите Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Scroll to Top