Изложбата на Дејвид Линч, авторот на Твин Пикс ќе биде отворена во Белград

Од 1 септември во Културниот центар во Белград ќе биде отворена изложбата „Мали  приказни“ на Дејвид Линч, авторот на култната „Твин Пикс“. Изложбата ја сочинуваат 56 црно-бели слики од голем формат, на славниот режисер.

Културниот центар на Белград одлучил една од клучните програми на својот 60-ти јубилеј да ја посвети на овој исклучителен филмски, ликовен и визуелен создавач. По барање на Линч изложбата ќе биде прикажана само во Белград и на ниту едно друго место во околината.

Инаку, пред да стане познат режисер, Линч бил студент по сликарство. Светот, изјавил Линч, е онаков какви што сте вие, а така е и со сликите – се менуваат луѓе, гледаат иста слика, се враќаат и така се создава круг, секој од нив ќе има различно доживување, иако е иста слика, а тоа е волшебно, како еден вид магично доживување.

Scroll to Top