Ја навредуваа поради „пластика“, сега ја пофалија: Ѕвездата на „Сексот и градот“ без трошка шминка

Актерката Кристин Дејвис, ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ во која ја глумеше по малку срамежливата, традиционална и префинета Шарлот Јорк, често беше мета на критики за естетските зафати на кои се подложи, а кои, како што велат, станала „пластична“.

Таа често се појавуваше во јавноста со отечено лице, па фановите на една од најпопуларните серии ја исмеваа, меѓутоа, таа сега изненади многумина кога на Инстаграм објави фотографија на која позира без трошка шминка на неа.

Како што откри таа, сликата е направена во Кенија, веднаш по нејзиното пристигнување.

Таа ги остави фановите без зборови, а објавата набрзо беше преплавена со комплименти, а еден од следбениците напиша дека таа е „божица“.

Scroll to Top