Музичката ѕвезда Пинк откри дека таа и нејзиниот маж, мотоциклистот Кери Хард, долго време одат на терапија, која им го спасила бракот. Тие се венчаа пред 14 години, а оттогаш имаа многу падови. Кратко се разделија во 2008 година, ама решија да си дадат уште една шанса, почнаа со брачна терапија и оттогаш не се разделени.
Пинк во објавата што ја сподели на „Инстаграм“ вели дека терпијата е за скршени луѓе што сакаат да се состават.
„Кери е сè уште моето омилено слатко непослушно момче. Тој и јас сме веќе долго време во брак и нашиот тврдоглав идеализам нè одржува заедно. Бракот е ужасен, прекрасен, удобен и предизвикува лутина. Може да биде здодевен, застрашувачки и да ве натера да си ги грицкате ноктите. Во брак сакате друго грешно суштество додека се обидувате да се сакате себеси. Луѓето ни се смеат затоа што или се караме или се смееме. Тие превртуваат со очите кога зборуваме за терапија. Но, ќе ви кажам. Вреди. Сето тоа. Дури и кога мислите дека не е така. Терапијата не е за слаби луѓе, хипици или либерали. Тоа е за скршени луѓе што сакаат да се состават. Тоа е за бегалци што сакаат семејство. Тоа е лекција за тоа како да седите и да слушате. Како да се сакате себеси за да може и другите да ве сакаат. Те сакам, душо. Благодарна сум што дојдовме до ова“, напиша пејачката.
Пинк и Кери имаат две деца, ќерката Вилоу и синот Џејмисон.